1,7K
Челси е првиот
финалист во ФА Купот откако вечерва го доби дуелот со лондонскиот ривал Тотнем.
Двата тима кој
најмногу прикажаа во Премиерлигата оваа сезона, приредија возбудлив и
атрактивен натпревар на Вембли.
Вилиан го отвори
резултатот по само пет минути игра, а Кејн изедначи на 1-1 во 18. минута.
Кон финишот на
првиот дел, Вилиан од пенал го врати Челси во предност, но на стартот од
второто полувреме, Али донесе ново изедначување.
Азар во 75.
минута стрелаше за 3-2 а точка на натпреварот во голем стил стави Матиќ со
прекрасен гол во 80. минута.