Фудбалерите на Вулверхемптон се радуваа на победа против Манчестер Јунајтед со 2-0 (0-0) во рамките на 18. коло во Премиер лигата.
По едно приспивно прво полувреме, работите се отворија во продолжението. Прво Бруно Фернандеш доби втор жолт картон и беше исклучен, откако згазна противник. Откако Јунајтед остана со десетмина набргу прими гол преку Ларсен кој беше поништен поради недозволена позиција.
Течеше 58. минута кога „волците“ поведоа преку Матеус Куња. Одличниот напаѓач изведе перфектен корнер, со многу ефе и го лобува Онана на втората статива за одушевување на публиката.
До крајот на средбата Јунајтед не успеа во целост да се наметне, па така домашната мрежа мируваше. Точка на победата стави Хванг Хи-Чан со погодок во 99. минута од натпреварот.