Јужноамериканската
Лига на шампиони финишираше со победа на Флуминенсе, клубот од Бразил славеше со
1-2 над Бока јуниорс.
Популарните
„триколори“ поведоа со голот на Кано во
36. минута, но Бока изедначи преку Адвинкула во 72. минута и го однесе
натпреварот во продолженија.
Во 99. минута,
Кенеди постигна голазо за 1-2 и прекрасно закачи еден полуволеј од врвот на
шеснаесетникот. Но напаѓачот потоа заработи глупав црвен картон, откако реши да
прослави со навивачите и по втор пат влезе во бележникот на судијата.
Но силите на
теренот за брзо беа израмнети, Фабра од Бока беше исклучен поради тоа што удри
во лице противнички играч при една мешаница.
Клубот од
Аргентина не успеа да најде сили по втор пат да се врати од гол негатива, па
Флуминенсе на крајот се радуваше на својот прв трофеј во Копа Либертадорес.
John Kennedy with the CONMEBOL #Libertadores winner for #Fluminense! pic.twitter.com/ZS9p7hlEhJ
— CONMEBOL Libertadores (@TheLibertadores) November 4, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.