„Голазо“ на Бејл и два на Асенсио за победа на Реал во пресметката со Јувентус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пресметката на „Федекс
Филд“ во Мериленд можеше да биде спектакл доколку Кристијано Роналдо се
појавеше во дресот на Јувентус, но Португалецот доби продолжен одмор по
настапот на Светското првенство и дуелот можеше да го следи само од Торино.

Но и покрај
отсуството на ЦР7, двата клуба понудија возбудлива пресметка во која Реал
Мадрид се радувше на победа од 3-1.

Резултатот беше
отворен во 12. минута кога Карвахал во обид да расчисти една нафрлена топка си
ја затресе сопствената мрежа. На пауза се замина со резултат 1-1 откако Герет
Бејл постигна „голазо“ и од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо под
пречката.

„Кралевите“
поведоа веќе на стартот на вториот дел, Винисисус го проигра Асенсио кој
рутински реализираше за 2-1. Шпанецот потоа стави точка на натпреварот во 56.
минута, но овој гол оди на душа на Шчесни, кој мораше подобро да интервенира во
ситуацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×