Голазо и прекрасна асистенција на Жоао Феликс, Атлетико пресилен за Ол-стар тимот на МЛС (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Жоао Феликс стана
најскапиот Португалец ова лето и го надмина рекордот на Кристијано Роналдо
откако Атлетико Мадрид се сложи да плати преку 127 милиони евра за неговите
услуги.

Младиот фудбалер
утрово покажа дека има што да понуди и со голазо и прекрасна асистенција ја
запечати победата на „колчонероси“ од 3-0 против Ол-стар тимот на МЛС.

Жоао Феликс, кој
влезе во игра во 55. минута, погоди убаво од далечина на пет минути пред
крајот, а потоа во судиското надополнување испрати прецизна долга топка и му
аистираше на Диего Коста.

Претходно во
финишот на првиот дел, уште еден новајлија, Маркос Љоренте реализираше по една
одлична акција и го отвори резултатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×