Најспектакуларниот момент во досегашниот тек од сезоната во МЛС лигата доаѓа од дуелот меѓу Минесота и Сан Диего, каде што Данецот Андерс Дрејер приреди магија за паметење.
Фудбалерот на Сан Диего постигна два погодоци во победата на својот тим, но токму првиот реализиран уште во 11. минута стана вирален хит и моментално се прогласува за најдобар гол сезонава во американската лига.
Дрејер ја прими топката на самиот центар на теренот, брзо ја процени ситуацијата и со прецизен и силен удар испрати проектилил кој го матираше дебитантот на голот на Минесота, Весел Спил. Младиот голман остана вкоренет на линијата, без шанса да интервенира, додека публиката и фудбалерите гледаа во неверување.
Голот експресно се прошири на социјалните мрежи и многумина веќе го ставаат на врвот на листата за најубав погодок во тековната МЛС кампања.