Неверојатен натпревар во Лондон денеска одиграа екипите на Тотнем и Ливерпул, а на крајот на победата се радуваа „црвените“ со 3:6.
Гол-шоуто започна со голот на Луис Дијаз во 23. минута, а Мекалистер во 36. зголеми на 0:2. Се врати Тотнем во игра со погодокот на Медисон во 41. минута, меѓутоа Ливерпул сепак замина на пауза со два гола предност. За такво нешто се погрижи Шобослаи со погодокот во завршницата.
Во второто полувреме на сцена стапи неверојатниот Салах кој постигна два гола и додаде уште една асистенција по онаа за Шобослаи, па така Тотнем немаше одбрана.
Двата гола за ублажување на поразот на Тотнем беа дело на Кулушевски и Соланке.
Ливерпул на табелата е лидер со 39 бода, потоа следи Челси со 35, Арсенал на третото место има 33. Тотнем пак е во долниот дел од табелата на 11-тата позиција со само 23 бода.