162
Волунтари одигра
реми со резултат 1-1 на домашен терен против Универзитатеа Крајова во рамките
на најсилниот фудбалски шампионат на Романија, а домаќинот дојде прв до водство
со голот на нашиот Виктор Ангелов.
26 годишниот
офанзивец кој овој месец направи трансфер во Волунтари од редовите на босански
Широки Бријег, уште во десетата минута од мечот го најде патот до противничката
мрежа со што го постигна својот прв гол во дресот на романскиот прволигаш во
третиот меч за тој клуб.