936
Денеска на македонските фудбалски терени се играа натпревари од 22. коло во ПМФЛ, а во нив најубавиот гол постигна Шкотланѓанецот, Ли Ервин за победа на Гостивар против Брера во Струмица.
Во завршницата од натпреварот шкотскиот напаѓач го матираше противничкиот голман со вистинска мајсторија од слободен удар која беше доволна за три бода на неговиот тим.
Резултати 22. коло:
Работнички – Вардар 0-2
Струга – Шкендија 3-0
Беса – Силекс 0-5
Пелистер – Воска 1-0
Брера – Гостивар 0-1
Тиквеш – Шкупи 1-0
Табела: Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41, Струга 35, Шкупи 31, Пелистер 26, Вардар 20, Брера 20, Тиквеш 18, Воска 18, Беса 15.