154
Со вчерашниот натпревар помеѓу Пелистер и Шкендија беше затворено деветтото коло во ПМФЛ, а во него најубавиот гол го видовме на дербито помеѓу Вардар и Струга.
Дербито на арената „Тодор Проески“ заврши без победник 2-2. Првиот гол кој го постигна Вардар за израмнување на 1-1 во 60-тата минута беше вистинска мајсторија на Роџерс Мато кој си поигра со двајца одбранбени фудбалери на Струга и ја смести топката во мрежата.