2,6K
Викендов се врати фудбалот на македонските терени, а во најсилната конкуренција на Арената во Скопје се играше дербито помеѓу Вардар и Шкендија кое заврши со победа на гостите од Тетово 1:2.
Вардар одигра добар натпревар и беше рамноправен противник на Шкендија која е во битка за титулата. Резултатот беше отворен со еден прекрасен гол на најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ, Бесарт Ибраими.