11
Вчера беше комплетирано 23. коло во Првата македонска фудбалска лига, а по него разликата помеѓу лидерот Вардар и второпласираната Шкендија остана три бода.
Двете најквалитетни екипи во првенството славеа минимални победи од 1-0, Вардар против Брера, Шкендија против Арсими. Токму голот на Шкендија кој беше дело на Бесарт Избраиме е изборот за гол на ова коло.
Ветеранот одлично се ослободи од неколку фудбалери на гостите и со силен удар го матираше противничкиот гол, а тој погодок на крајот се покажа и како одлучувачки.