Гол број 16 за Дориев сезонава во Узбекистан, Македонецот продолжува со блескави партии

by riste
0 минути читање

Љупче Дориев игра во голема форма за Согдиана во првенството на Узбекистан, македонскиот фудбалер беше стрелец во гостинска победа од 2-0.

Дориев погоди во 85. минута за водство од 1-0 на Согдиана на гостувањето кај Хоразм. Во судиското продолжение неговиот тим даде уште еден гол за триумф од 2-0.

Согдиана е на средина на табелата, но нашиот Дориев со 16 постигнати гола е на второто место на листата на стрелци со само два погодоци помалку од првиот. Македонецот има и шест асистенции оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×