Ѓоковиќ стана ко-сопственик на фудбалски клуб!

by riste
1 минути читање

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ стана дел од сопствениците на францускиот фудбалски клуб Ле Ман.

Ле Ман во минатото беше во најдобрата француска лига, но сега игра во второлигашка конкуренција со цел да се врати меѓу најдобрите.

Новак Ѓоковиќ стана дел од сопствениците на клубот, но во оваа приказна влегоа уште неколку познати личности како легендарниот Формула 1 возач, Фелипе Маса, Кевин Магнусен и дечкото на тенисерката Арина Сабаленка, Горгос Франгулис.

Нивната заедничка визија е да го поврзат мотоспортот и фудбалот бидејќи во Ле Ман владее голема мотоспорт традиција поради познатата трка „24 часа Ле Ман“.

Франгулис веќе има искуство со водење фудбалски клубови бидејќи во Бразил е член на раководството на Коритиба. Една од нивните први цели ќе биде да го вратат Ле Манс во Лига 1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×