Ѓокереш пристигнува во Лондон, медицинските тестови се закажани за утре!

by riste
0 минути читање

Арсенал и Спортинг Лисабон по долги преговори си подадоа рака за трансфер на Виктор Ѓокереш, а сега почнуваат работите за формализирање на зделката.

Последните информации велат дека напаѓачот добил зелено светло од Спортинг да замине за Лондон и да ја почне процедурата.

Тој денеска треба да пристигне во англиската метропола, а за утре се закажани медицинските тестови.

Се очекува во текот на утрешниот ден Арсенал и официјално да го потврди ангажманот на Ѓокереш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×