Медиумите од Португалија пренесуваат дека Виктор Ѓокереш го известил Манчестер јунајтед дека нема да се пресели на Олд Трафрод, напаѓачот преферира трансфер во Арсенал.
Виктор Ѓокереш има страшна голгетерска сезона во дресот на Спортинг Лисабон, па се очекува летово да се пресели во поголем клуб.
Неколку гиганти ширум Европа пројавуваат интерес за неговите услуги но се чини дека неговата следна дестинација ќе биде Премиерлигата, каде најсериозно загризаа Арсенал и Манчестер јунајтед.
Како што пренесува весникот Рекорд, напаѓачот веќе одлучил помеѓу овие два клуба и ги известил „ѓаволите“ дека нема да се пресели на Олд Трафорд.
Виктор Ѓокереш преферира трансфер во Северен Лондон и „топчиите“ се во контакт со неговите агенти.
ФОТО: fb/Sporting CP