Пред крајот на преодниот рок во Англија, имаше приказна дека агентот на Годин го понудил својот клиент на Манчестер јунајтед. Англискиот клуб загризал и доставил понуда, Атлетико за да го задржи својот дефанзивец и да се одбрани од понудата на Јунајтед, му понуди нов, подобар договор на Годин кој тој го прифати и треба да го потпише во наредниот период.
Фудбалерот немал намера да си оди од Мадрид, а со помош на својот агент само го искористиле Манчестер јунајтед за да добие пообар договор.
Уругваецот сега го негира ваквото сценарио.
„Не сум потпишал никаков нов договор. Имав понуди, но одлучив да останам од лични причини, сега мислам само на финалето“, вели Годин.
„Ги видов вестите, но не знам од каде доаѓаат. Не сум го продолжил договорот“.
Годин уште од 2010 година е во Атлетико Мадрид. Вечерва тие играат против градскиот ривал Реал во УЕФА Суперкупот.