Антонио Конте не
е задоволен од она што го сработија првите луѓе на Челси до овој момент на трансфер
пазарот и инсистира да пристигнат уште неколку имиња пред крајот на преодниот
рок.
„Сините“ се
поврзуваат со Дени Дринквотер од Лестер, Алекс Окслејд Чемберлејн од Арсенал и
уште еден напаѓач.
И додека соте
очекуваат некое звучно име, клубот од Стемфорд Бриџ попладнево го соопшти
трансферот на Килијан Азар, кој е помлад брат на Еден Азар.
22 годишниот
Белгиец пристигнува од Ујпешт и ќе биде испратен во резервниот тим.
Тој веројатно е
донесеn за да се задоволат одредени барања на Еден Азар, па на фановите не им се
допадна ваквиот потег, и тие незадоволството го искажаа на социјалните мрежи.
„Го сакавме
Килијан Мбапе, го добивме Килијан Азар” – гласеше пораката на еден разочаран фан.
Килијан не е
единствениот од браќата Азар кој се „шлепа“ на славата на Еден, претходно и
Торган беше дел од Челси, но откако стана јасно дека нема квалитет за првиот
тим, беше продаден на Борусија Менхенгладбах.