Атлетико Мадрид
успеа да се пласира во финалето од „Ауди купот“ кој се одржува во Минхен,
Германија, за финалната пресметка противникот ќе го добие од подобриот во
дуелот помеѓу Ливерпул и Баерн Минхен, кој воедно е домаќин на овој турнир.
Италијанскиот калчолигаш
Наполи иако прв поведе со голот на Калјехон во 56. минута, сепак „Јорганџиите“
со головите на Торес во 72. односно Вието во 81. минута дојдоа до триумф од
2-1.
Голема заслуга во победата на тимот на Симеоне, оди и во „рацете“ на Словенецот
Јан Облак, кој уште еднаш покажа и докажа дека е еден од најдобрите голмани во
светот.
Облак при 0-0, во
14. минута од мечот на „Алијанц Арената“ на фантастичен начин одбрани пенал во
кој обид да постигне гол имаше Милик, но полскиот напаѓач беше прочитан во оваа
ситуација.