Го преживеа падот на авионот на Чапекоенсе, а сега почина играјќи фудбал со пријателите

by
2 минути читање

Во 2016, Бразил и
фудбалскиот свет беа погодени од голема трагедија, авионот со кој патуваше
експедицијата на Чапекоенсе за Колумбија и финалето во Копа Судамерикана се
урна откако остана без гориво. Од 77 патници, само шест ја преживеаја несреќата а еден од нив беше и
новинарот Рафаел Хензел.

Сепак, Чапекоенсе денеска доби нови тажни вести, Рафаел Хензел почина од срцев удар. Тој синоќа
играл фудбал со пријателите, колабирал на теренот и веднаш бил пренесен во
болница, но докторите не можеле да сторат ништо.

„Со големо жалење
ги примивме вестите за смртта на новинарот Рафел Хензел. Во својата брилијантна
кариера, тој на најдобар можен начин ја раскажуваше приказната за Чапекоенсе.
Стана симбол на реконструкцијата на клубот, па „зелено-белите“ страници на
овој клуб секогаш ќе го паметат неговиот пример за надминување на тешки
моменти и се што тој стори, со љубов, за овој тим, за градот Чапеко и сите оние
кои го сакаат фудбалот. Искрено се надеваме дека неговото семејство ќе најде
сила да се справи со овој нов тежок момент. Молитвите на сите во Чапекоенсе,
фановите и слушателите се со тебе“
– гласеше пораката на Чапекоенсе.

Чапекоенсе исто
така побара од Фудбалската федерација на Бразил да им го одложат мечот против
Крисиума, натпревар кој Рафаел Хензел требаше да го коментира.

Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв
депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани