161
Се шпекулира дека Дибала ќе замине од Јувентус во летниот преоден рок, некои пишуваат дека ќе оди во Тотнем, други дека ќе биде дел од трансферот на Лукаку.
Но според „Скај Спорт Италија“, Дибала сака да остане во Јувентус и планира да се врати порано од одмор со цел да почне да ги учи методите на Сари.
Според првичниот план Дибала на тренинг треба да се врати на 5 август, тој доцни поради настапот со Аргентина на Копа Америка, па доби продолжен одмор, но веројатно порано ќе пристигне во Торино.