244
По трансферот на
Ромелу Лукаку во Интер, медиумите шпекулираа дека „ѓаволите“ би можеле да го
донесат Ињаки Вилијамс како замена за Белгиецот.
25 годишниот
напаѓач на Атлетик Билбао можеше да биде купен за 88 милиони евра, колку што
изнесуваше неговата откупна клаузула.
Сепак, ваквата
зделка не се реализираше, а денеска пристигна информација дека Ињаки Вилијамс
во иднина ќе биде значително поскап. Фудбалерот реши да ја продолжи верноста и
стави потпис на договор со трајност дури до 2028 а доби и рекордна откупна клаузула за клубот од
Баскија вредна 135 милиони евра.