Фудбалерите на Динамо Загреб успеаја да се извлечат и против третолигашот Бјеловар (2-3) во Купот на Хрватска.
Поведе екипата од Загреб преку Сандро Куленовиќ со гол од белата точка уште во петтата минута. Сепак, веќе три минути подоцна Акани израмни на 1-1, за потоа во вториот дел Бјеловар да стигне до предност преку Цвикар.
Дваесетина минути третолигашот водеше пред Кордоба да израмни, а до самиот крај Динамо имаше егал. Човек на одлука во 91. минута беше Пјер Габриел кој го постигна решавачкиот гол.
Овој резултат доаѓа десетина дена по победата на Динамо Загреб над Милан во Лигата на шампионите, а оттогаш тимот загуби од Осијек (2-1), а го победи Шибеник (3-0) во ХНЛ.