Го одби Милан за да потпише за Фенербахче – објасни зошто!

by riste
1 минути читање

Милан и Фенербахче беа во борба за фудбалерот на Гент, Арчи Браун, на крајот тој одбра да се пресели во турскиот клуб.

Во разговор со Фабрицио Романо, Браун објасни зошто се одлучил да потпише за Фенербахче, а не за Милан.

„Работата практично беше договорена со Милан. Бев спремен да тргнам за Милано, но тогаш лично ме побара претседателот на Фенербахче, Али Коч. Тоа промени сè. Покажа неверојатна страст и визија. Од тој момент веќе немав дилеми, знаев дека треба да дојдам во Фенербахче“, изјави Браун.

Тој веќе е на пат за Инстанбул каде што во текот на денешниот ден ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договор од четири години со можност за продолжување на уште една.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×