„Го одби Баерн Минхен поради Торган, тој ќе беше познат во Бундеслигата како братот на Еден“

by
2 минути читање

Еден Азар ја
одбил можноста да направи трансфер од Челси во Баерн Минхен, а една од
причините за таквиот потег на Белгиецот бил неговиот брат Торган, за тој да
стори максимум за своето име во Бундеслигата.

Секако, ова е
една причина, но главната е многу поголема од првата, барем таква е
веројатноста, јасно беше дека трансфер во Реал Мадрид беше исполнување на сонот
за Азар, нешто што и самиот тврдеше за својата голема желба во кариерата.

За сево ова
говори неговиот поранешен соиграч од составот на Челси, Роб Грин во интервју за
„Д Атлетик“, кој притоа откри и некои интересни детали од Азар во периодот под
кормилото на Маурицио Сари.

Еден целосно ја
отфрли таа можност за трансфер во Баерн Минхен, нему идејата му беше во стилот
Нема да одам таму поради Торган, тој игра
во Германија, такво сценарио се
би променило, ќе се промени во Еден Азар и
неговиот брат
“ вели Грин.

Тој практично
сметаше дека неговиот брат ќе биде познат како Торган Азар, а не само како
братот на Еден Азар, како и да е, тоа беше прекрасен гест од негова страна

додава тој и се надоврза на тоа колку поранешната ѕвезда на Челси воопшто не
обрнувала внимание за популарната игра „Сари бол“.

Се сеќавам на
победата од 4-1 над Кардиф, во септември 2018. година, имавме десет играчи на
теренот и ја почитувавме тактиката на нашиот тренер во стилот
Сари бол, но Еден играше на начин на кој тој посакува
вели тој.

Еден постигна
хет-трик на тој меч, беше прогласен за играч на мечот, Сари го пофали за
неговото издание и нагласи дека е еден од најдобрите во светот, меѓутоа Еден не
стори ништо од тоа што му беше кажано од тренерот на теренот
“ заврши тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×