Џуд Белингем со голот против Монако им одговори на сите критики кои во изминатиот период кружеа околу неговото име. Фудбалерот на Реал Мадрид на најдобар можен начин стави крај на шпекулациите кои се појавија на социјалните мрежи и во јавноста.
Англискиот репрезентативец го постигна последниот погодок во убедливата победа на Реал Мадрид од 6-1 над Монако во рамки на Лигата на шампионите.
По голот следеше прослава која привлече големо внимание и предизвика бројни реакции, по што Белингем реши јавно да се огласи и кажа:
„Денес, секој може да земе камера, да каже што сака и целиот свет му верува без никакви докази“.
Со оваа изјава, фудбалерот на Реал Мадрид јасно алудираше на тврдењата кои во последно време се појавуваа во јавноста, а кои, според него, немаат никаква основа. Белингем потенцираше дека најважно за него е тоа што го покажува на теренот, а не коментарите надвор од него.