156
Јирген Клоп
изминативе денови беше на мета на критичарите, Германецот беше обвинет дека
покажува непочитување кон најстарото фудбалско натпреварување бидејќи нема да
настапи со најсилен состав.
Но Германецот и
со вториот тим успеа да ја добие пресметката со Карло Анчелоти. Големото дерби
на Мерсисајд вечерва заврши со 1-0, херој на домаќините беше 18 годишниот
Куртис Џонс.
Тинејџерот
спектакуларно погоди од работ на шеснаесетникот на средината од второто полувреме за триумф на Ливерпул и пласман
во четвртата рунда од ФА Купот.