147
Палермо поведе на
гостувањето кај Чезена со 0-1 во 9. минута, а стрелец на водечкиот гол за
гостите беше нашиот Трајковски кој одлично се снајде во казнениот простор на
домаќините откако доби употреблива топка да бие во противничкиот гол.
За македонскиот
репрезентативец ова е трет гол сезонава во дресот на тимот од Сицилија, односно
втор во третиот меч во отсуство на повредениот Несторовски по голот против Бари
каде Палермо на гостински терен славеше убедливо со 0-3.