Го нарекуваат Марадона, го споредуваат со Иниеста: Карлес Алења потпиша тригодишен договор со Барселона

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Шпанија, се вели дека Барселона го обнови договорот
на Карлес Алења, кој во првиот состав доаѓа од „Б“ тимот на овој клуб каде
своевремено настапуваше заедно со нашиот Давид Бабунски.

Алења потпиша
договор кој го обврзува на верност со Барселона до 2020. година со откупна клаузула
од цели 75 милиони евра.

Инаку интересен
податок доаѓа за него, кој вели дека тинејџерот од Барселона има прекар Марадона,
воедно негов идол е Иниеста, со кого медиумите а воедно и фановите на
каталонскиот гигант на големо го споредуваат.

Вреди да се напомене
дека Алења е „фудбалски производ“ на „Ла Масија“, има настапувано за помладите
категории на селекцијата на Шпанија, дебитираше за првиот тим на Барселона во
мечот против Селтик во Даблин каде Каталонците славеа со 1-3 во Интернационалниот
Куп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани