257
Тони Крос минатото лето се повлече од фудбалот, а последните натпревари ги одигра за Германија на Европското првенство.
Интересна објава се појави на социјалната мрежа „Х“ поврзана со моментите кога Германецот објави пензија. Според напишаното, Крос објавил пензија и потоа седнал крај теренот да се сонча и да чита коментари од фановите на Реал кои го молат да остане во клубот. Во објавата пишува дури дека екс-фудбалерот е психопат, на шеговит начин.
Реакцијата на Крос за оваа објава беше одлична, бидејќи објави емотикони кои плачат од смеа поради истата.
— Toni Kroos (@ToniKroos) June 11, 2025
ФОТО: X/Real Madrid C.F