Го надмина Роналдо, тинејџерот Жоао Феликс станува најскап Португалец и оди во Атлетико за 126 милиони евра

by
1 минути читање

Жоао Феликс
наскоро ќе испише историја и ќе стане најскапиот Португалец. Тинејџерот ќе го
надмине легендарниот Кристијано Роналдо и за 126 милиони евра ќе се пресели во
Атлетико Мадрид.

Бенфика доцна
вечерва ја извести берзата дека добила официјална понуда, и ова е прв чекор кон
официјализирање на зделката.

„Орлите“ од
Лисабон појаснуваат дека од понудената сума, 120 милиони (колку што изнесува откупната клаузула) се наменети за
купување на 19 годишниот Жоао Феликс а 6 милиони евра за покривање на
финансиските трошоци за зделката.

Се очекува во следните денови да бидат финализирани сите детали и Атлетико Мадрид да го потврди трансферот на перспективниот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×