Младиот белгиски репрезентативец со потекло од Конго, Додо Лукебакио стана член на премиерлигашот Ватфорд.
Овој трансфер е посебно интересен поради начинот на кој Шарлерои го изигра Андерлехт.
Имено, до понеделникот Лукебакио беше член на Андерлехт кој на почетокот на сезоната го пратиле на позајмица во Шарлерои. Кога требаше да се врати во матичниот клуб, Шарлерои ја искористил опцијата да го откупи за милион и пол евра.
На прв поглед не е ништо спорно, но Шарлерои од Андерлехт ја сокрил информацијата дека Ватфорд се интересира за фудбалерот. Откако го комплетирале трансферот и Лукебакио станал нивна сопственост, веднаш го продале на англискиот клуб за сума од пет милиони евра.
Шарлерои направи добра бизнис зделка, за еден ден успеа да заработи 3,5 милиони евра, иако можеби веќе никогаш нема да добие фудбалер на позајмица од Андерлехт.