„Го купија Ди Мариа за да заработат од продажба на неговите дресови“

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед го
ангажираше Анхел Ди Мариа бидејќи сакаше да заработи на продажбата на неговите
дресови, не дека имаа очекувања од него да им донесе одреден успех, тврди
Дебора Гомес, која работеше како преведувач на „Олд Трафорд“ за време на
едногодишниот престој на Аргентинецот во Премиерлигашот.

Многу работи забележав за
време на мојот престој таму, толку многу, што дури и имав прилика да разговарам
со него. Тој не беше среќен во клубот. Прво и основно, тој не можеше да
комуницира со никого. Второ, тој сфати дека клубот го ангажирал не дека има
големи очекувања од неговите изданија, или дека ќе им донесе титули…
“ вели
Дебора.

Едноставно беше, тие го
ангажираа бидејќи сакаа да заработат на продажбата на неговите дресови. Ова го
слушнав внатре во клубот, луѓето постојано зборуваа.
Дресовите на Ди Мариа се продаваат, ајде да го продадеме, затоа тој не беше среќен“ додава таа.

Ди Мариа во 2014. година
премина на „Олд Трафорд“ од Реал Мадрид, за сума од околу 60 милиони фунти.

Иако Аргентинецот
потпиша петгодишен договор со Премиерлигашот, во клубот мина само една сезона,
по што следеше трансфер во ПСЖ за сума од околу 44 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×