248
Во последниот ден
од трансфер периодот во Англија, Арсенал донесе две засилувања за одбраната.
Најпрво потпиша со Киран Тирни од Селтик, и го направи левиот бек најскапиот
Шкот откако се сложи да плати 25 милиони фунти за неговите услови.
Вечерва стигна соопштение дека е ангажиран и Давид Луиз од Челси, се верува дека Бразилецот е купен за 7-8 милиони фунти. Дефанзивецот беше еден од неколкумината играчи кои го
фатија последниот воз за трансфер и добија продолжен рок од 2 часа да се комплетира
зделката.
Сега се чекаат
само уште вестите за продажба на Алекс Ивоби во Евертон. Нигериецот треба да се
пресели на Гудисон Парк за 35-40 милиони фунти.