77
Младинците на Вардар кои оваа сезона дебитираа во Лигата на шампионите, сега можат да се пофалат дека биле елиминирани од Европскиот шампион.
Екипата на Салцбург изгледаше моќно против Вардар, дома победи со 5-0, а во Скопје славеше со 3-0.
На патот до финалето Салцбург ги елиминираше Манчестер Сити, ПСЖ, Атлетико Мадрид и Барселона. А во финалето ја совлада Бенфика со 2-1.
На денешното финале кое се играше во Нион, Бенфика водеше по првото полувреме со гол на Гомеш. Салцбург преку Дака и Шмид направи пресврт во вториот дел и дојде до титулата Европски шампион.