Го будел секое утро и внимавал да не се успие за на тренинг: Дембеле мора да му биде благодарен на еден поранешен соиграч

by Стефан
1 минути читање

Осман Дембеле пред неколку дена во Париз за првпат во кариерата ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот, а посебни заслуги во неговата кариера има Самуел Умтити.

Неговиот сонародник кој одлучи да се повлече од фудбалот зборуваше како внимавал на Дембеле да биде редовен на тренинзите.

„Често пати сакав да бидам сигурен дека нема да се успие и му се јавував наутро за да знам дека е буден и да му кажам дека треба да дојде на тренинг. Навистина е добар човек, но имаше проблеми да препознае каде се наоѓа, како да не играл за Барселона. Среќен сум што успеа да ја добие наградата, претходно не беше премногу дисциплиниран, но во Паариз се промени, созреа и порасна“, изјави Умтити.

Инаку, Демебеле е шестиот Французин кој ја освои „Златната топка“ со тоа Франција е рекордер во оваа категорија, а по ваакви признанија добивали фудбалери од Германија и Италија.

Фото: Ballon d’Or/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×