Го бараше пола Европа, Дортмунд на крајот го „собра“ талентираниот Сириец

by
1 минути читање

Талентираниот играч на Борусија Менхенгладбах одбра каде ќе ја продолжи кариерата, тој деновиве го комплетира трансферот во Дортмунд.

„Махмуд Дахуд ова лето ќе ја напушти Борусија Менхенгладбах, тој го комплетира трансферот во Борусија Дортмунд“ – стои во соопштението на неговиот актуелен клуб.

Дахуд е играч од средниот ред и важи за еден од најголемите талнти во Европа на неговата позиција, за него интерес имаше од многу клубови, но тој се реши за Борусија Дортмунд.

„Донесена е
одлука, Дахуд ќе не напушти и ја одбра Борусија Дортмунд
– вели спортскиот директор Макс
Еберл.

„Беше важно за
играчит и за клубот да се донесе одлука, за сите со бистри глави да продолжиме
напред
.

Дтали од зделката не се откриваат, се верува дека „Милионерите“ ќе платат 10 милиони евра за услугите на играчот кој е роден во Сирија но ги има поминато сите млади репрезентации на Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани