Гнабри не се задоволи со двата гола, мораше и да го „пецне“ Челси на Твитер (ФОТО)

by
1 минути читање

„Баварците“ со
една нога веќе се во четвртфинале од Лигата на шампиони откако вечерва со 0-3
славеа кај Челси. Лондон повторно беше инспирација за Серж Гнабри, кој два пати
ја тресеше мрежата на „сините“.

Како головите да
му беа малку, па младиот Германец реши да провоцира на социјалните мрежи и да
покаже дека не ги заборава петте години поминати во Арсенал. Тој објави слики
од неговото славје и напиша: „Лондон се уште е црвен“.

Сличен пост имаше
и кога во октомври го потопи Тотнем со четири гола, тогаш напиша „Северен Лондон
е црвен“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×