Глупост на Џексон: Удри ривал со лакт и ја заврши сезоната во ПЛ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Николас Џексон доби глупав црвен картон во клучниот натпревар на Челси на гости кај Њукасл во Премиер лигата.

Екипите играат за место во Лигата на шампионите, а напаѓачот беше невнимателен и уште во првиот дел доби директен црвен картон. Причината беше невнимателен удар со лакт врз Свен Ботман.

Иако првичната одлука беше жолт картон, судијата Брукс по преглед на ВАР снимката се предомисли и му покажа директен црвен. Ова значи дека сезоната во Премиер лигата за Џексон е готова бидејќи суспензијата за црвен картон е два натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×