Доколку Роналдо без реакција го прифатеше црвениот картон, ќе го пропуштеше само реваш дуелот од Суперкупот на Шпанија, но тој го бутна судијата, а за таквите гестови суспензиите се ригоризни.
Според членот 96 од правилникот на Шпанската фудбалска федерација, буткање на судија од страна на фудбалер е суспензија од четири до 12 натпревари.
Лошото за Роналдо е тоа што судијата Де Бургос го запиша инцидентот во својот бележник, па ѕвездата на Реал Мадрид едноставно не може да помине неказнето.
„Откако му беше покажан црвениот картон, фудбалерот ме бутна во знак на несогласување“ – стои во бележникот на судијата.
Во најдобар случај, Роналдо ќе го пропушти реваншот од Суперкупот и првите три натпревари од новата сезона во Примера.