„Глупави работи се за глупави луѓе“ – на Мурињо не му се допаднаа прашањата

by
1 минути читање

„Специјалниот“ е
во фокусот на вниманието откако по последниот свиреж на судијата се поздрави со
тренерскиот персонал на Стоук но го игнорираше неговиот колега Марк Хјуз.

Па нормално, на средбата со новинарите неизбежни беа прашањата зошто одбил да
се поздрави со менаџерот на Стоук.

„Нема да зборувам
за глупави работи, престар сум за ова. Глупави работи се за глупави луѓе
– рече Жозе Мурињо во разговор со
БТ Спорт.

Новинарот на
БиБиСи пак помина полошо.

„Знаете…. Сакам
да бидам учтив со вас па преферирам да не го одговорам прашањето. Вашето
прашање е навистина… навистина лошо бидејќи изгледа како да е моја вина, како
да е мој проблем. Вашето прашање не е коректно, жал ми
– порача Португалецот и го напушти
интервјуто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани