Главоболки за Анчелоти, нови две повреди во средниот ред на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање
Себаљос

Реал Мадрид може скапо да ја плати победата над Бетис, на повреди се пожалија Дани Себаљос, Орелиан Чуамни и Ферлан Менди.

Карло Анчелоти може да има тенок среден ред кога Реал Мадрид ќе продолжи со натпреварите по паузата за натпреварите во Лигата на нации.

На вчерашниот натпревар против Бетис, Дани Себаљос го повреди скочниот зглоб и ќе паузаира помеѓу 6 и 8 недели.

Попладнево пристигна информација дека и Орелиан Чуамни го напуштил кампот на Франција поради болки во стапалото, но во моментов нема информации колку е сериозна повредата.

Од претходно се повредени Белингем и Камавинга, па „кралевите“ ќе немаат голем избор за средниот ред.

По натпреварот со Бетис на повреда се пожалил и Ферлан Менди, кој исто така предвреме го напушти собирот на репрезентацијата на Франција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани