Реал Мадрид доби сериозен удар во најважниот дел од сезоната. Францускиот ас Килиан Мбапе заработи повреда на коленото и ќе мора на пауза која ќе трае неколку недели.
Како што пренесува познатиот новинар Фабрицио Романо, Мбапе нема да му биде на располагање на Чаби Алонсо ниту за полуфиналниот меч со градскиот ривал Атлетико Мадрид во Суперкупот. Доколку „кралевите“ успеат да обезбедат пласман во финалето, францускиот напаѓач нема да биде подготвен ниту за борбата за трофејот.
Отсуството на Мбапе е огромен хендикеп за Реал, ако се знае дека тој сезонава е еден од клучните играчи. Во сите натпреварувања има одиграно 24 натпревари, на кои постигна импресивни 29 погодоци и додаде пет асистенции.