Фудбалерот на Наполи, Сем Беукема, е под знак прашалник за настап во финалето на италијанскиот Суперкуп против Болоња, откако го пропушти вчерашниот тренинг во Ријад поради повреда на стапалото, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Италијанските медиуми потсетуваат дека холандскиот дефанзивец се повредил на тренингот на тимот од Наполи, по што стручниот штаб решил да не ризикува со негово учество на последната подготовка пред финалниот натпревар.
Беукема оваа сезона е важен дел од составот на Наполи и има одиграно 15 натпревари во сите натпреварувања, па неговото евентуално отсуство би било значителен хендикеп за тимот.
Финалето на италијанскиот Суперкуп меѓу Наполи и Болоња ќе се одигра со почеток од 20 часот во Ријад.