Главоболка за Хајнкес уште првиот ден, Нојер паузира шест месеци?!

by
0 минути читање

Првиот голман на „Баварците“ заработи фрактура на стапалото и се очекуваше да се врати на терените на почетокот од годината.

Но 31 годишниот Германец сега открива дека би можел да паузуира и до шест месеци, односно да биде надвор од стројот до март или април.

„Има рана која треба да заздрави, за ткивото да се обнови потребни се и до шест месеци“ – открива Мануел Нојер.

Ваквите вести сигурно не се добри за новиот тренер Јуп Хајнкес со оглед на тоа дека резервата на Мануел Нојер не импресионираше со своите партии.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани