Главниот и ВАР судијата на мечот Милан-Болоња ќе бидат суспендирани поради катастрофалната грешка

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека главниот и ВАР судијата на синоќешниот натпревар помеѓу Милан и Болоња ќе бидат суспендирани поради катастрофалната одлука да го поништат пеналот во корист на домаќините.

Милан синоќа со 1-0 го совлада Болоња, но домаќините беа бесни а Макс Алегри доби црвен картон откако во финишот од натпреварот беше досуден пенал за старт врз Кристофер Нкунку.

Со помош на ВАР истиот беше поништен, a Асоцијацијата на судии од Италија смета дека главниот судија Матео Марченаро и ВАР судијата Микаел Фабри направиле каша-попара.

Клучната грешка ја направил ВАР судијата, Микаел Фабри не требал да ја оспори одлуката на Матео Марченаро, а плус се фокусирал и на погрешна снимка, односно контактот помеѓу Нкунки и Фројлер, а не оној помеѓу Нкунку и Лукуми, каде прекршокот е многу поjасен и поочигледен.

Па двајцата ќе бидат суспендирани, и ќе паузираат во следниот период, останува да се види само каква ќе биде казната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×