Главната цел на Реал Мадрид за засилување на одбраната останува верен на Арсенал

by bojan
1 минути читање

Според пишувањата на „Атлетик“, Вилијам Салиба со подал рака со Арсенал за продолжување на соработката, Французинот беше една од главните цели на Реал Мадрид за засилување на одбраната.

Вилијам Салиба беше купен од Арсенал во 2019, но дебитираше за „топчиите“ дури три години подоцна.

Тој за кратко време се наметна како столб во одбраната на клубот од Северен Лондон и се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Па се најде на радарот на неколку клубови, Реал Мадрид го идентификуваше како една од главните цели за засилување на последната линија.

Сепак, Арсенал не помислува за продажба на Вилијам Салиба и успеа да ја обезбеди иднината на Французинот.

Како што пренесува „Атлетик“, двете страни си подале рака за нов договор и петгодишна соработка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×