Гласачите одлучија: Хакими ги победи Салах и Осимен!

by Стефан
0 минути читање

Ѕвездата на ПСЖ и мароканската репрезентација, Ашраф Хакими, денеска стана добитник на „Африканската Златна топка“ за 2025 година. признание што му припаѓа на најдобриот африкански фудбалер.

Во трката за трофејот конкуренцијата беше силна: Виктор Осимен од Галатасарај и Мохамед Салах од Ливерпул му беа главни конкуренти, но гласачите одлучија во корист на Хакими.

Мароканскиот бек од 2021 година е дел од гигантот од Париз, а минатата сезона со ПСЖ го освои и највредниот клупски европски трофеј, Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×