Ѓорѓев се наметна во Твенте, Македонецот ги освои симпатиите на Рене Хаке

by
1 минути читање

19 годишниот
офанзивец Никола Ѓорѓев е само половина месец во редовите на Твенте, каде
летово дојде од редовите на швајцарски Грасхоперс, каде ќе настапува како
позајмен фудбалер во наредните две години, со можност тимот од Холандија да го
откупи неговиот договор со Грасхоперс, кој е во важност до 2020. година.

На холандскиот
прволигаш не му оди баш најдобро во пресезонските подготовки, па така во
седумте одиграни контролни средби забележа само две победи, и тоа убедливи над Гор (0-8) и Странраер (0-5).

Твенте беше
поразен на дуелите со Мепен, Евертон и последниот тест со Бристол Сити, додека
пак одигра реми со Хановер и Нордсјеланд.

Тоа што нам не радува е секако фактот што на трите последни контролни средби на Твенте, Ѓорѓев кој инаку го носи дресот со број „7“ беше стартер во офанзивната линија на својот тим, против Бристол Сити, Евертон и Хановер.

Тимот на нашиот
интернационалец веќе е со мислите за утрешната контролка со шпанскиот прволигаш
Еспањол, по што следи дуел против бундеслигашот Мајнц,  за веќе идната недела да гостува кај
шампионот на Холандија, Феенорд, во првото коло од тамошниот шампионат.

 

Фото:
fctwente.nl

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани