Во зимскиот јануарски
преоден рок заврши сапуницата околу Никола Ѓорѓев, фудбалерот кому му се
предвидуваше успешна кариера, тој лани беше испратен во холандскиот прволигаш
Твенте на позајмица од Грасхоперс кој пак не сакаше да се откаже од неговите
услуги.
Но, по одличниот старт,
Ѓорѓев седна на клупата за резервни фудбалери и не доби прилика за докажување
во Твенте, дури, не се наоѓаше ниту во списокот на фудбалери на повеќе
натпревари, па откако пропадна пробата во австриски Алтах, македонскиот
репрезентативец доби прилика за докажување во швајцарскиот второлигаш Арау, и
од тоа што го гледаме, се пронајде себе си во овој клуб.
Уште во вториот свој
настап за Арау, 20 годишниот Ѓорѓев реализираше една асистенција во еден од
четирите погодоци на својот тим во победата од 4-2 против Волен на домашен
терен каде одигра 57 минути.
Асистенцијата на Ѓорѓев
беше во голот за 2-1 на Арау.
Арау е инаку бив клуб на
нашиот напаѓач Ацо Стојков кој моментално настапува за македонскиот првак
Вардар, а со 27 бода, Арау нема никакви шанси за прогрес во елитата на
Швајцарија.
Извор: aargauerzeitung.ch